Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – АНТЕВО ПЕРО – Скопје е основано во 2022 година и има за цел остварување заштита и усогласување на интересите за промоција и зачувување на целокупното дело и оставнината на македонскиот писател, есеист и културен деец Анте Поповски.
Цели и задачи на Здружението АНТЕВО ПЕРО се да:
- придонесува за збогатување на културното и литературното творештво и неговиот развој преку организирање на Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски Антево Перо “;
- се залага за промоција и афирмација на млади и талентирани автори од сите националности;
- шири културен активизам и да ги развива и јакне творечките и креативни способности кај граѓаните, а посебно меѓу младите, што ќе придонесе за создавање на вистински вредности во културата;
- организира настани на кои се негува, чува и промовира делото на поетот, есеист и културен деец Анте Поповски;
- работи на дигитализација и зачувување на целокупниот фонд во оставнината на Анте Поповски;
- ги поддржува, промовира и афирмира сите истражувачи и нивните дела посветени на делото на Анте Поповски;
- издава книги, зборници, монографски трудови и друг вид на публикации;
- се залага за човековите права, за слободата на мислењето и изразувањето;
- се грижи за продолжување и негување на литературните традиции;
- го негува мултикултурниот дијалог;
- воспоставува и развива соработка со институциите, организациите, установите, манифестациите и фестивалите од областа на литературата и културата, како и со институциите од областа на образованието и воспитувањето;
- воспоставува и развива соработка со здруженија, друштва и други асоцијации и фондации од земјата и странство.