All posts by Ante Popovski

Добре дојдовте на официјалниот веб-простор посветен на животот и делото на поетскиот великан Анте Поповски. Идејата за креирање на овој дигитален простор произлезе од потребата за трајно зачувување, документирање и споделување на целокупната оставнина на Анте Поповски со пошироката јавност . На овие страници ќе можете да ги пронајдете информациите за целиот објавен опус на Анте Поповски, но и материјали, фотографии, писма и други лични предмети кои, до сега, не биле споделени со јавноста. Увидот во сите податоци и материјали е овозможен од членовите на семејство на Анте Поповски, синовите Жорж и Александар, за што сме бескрајно благодарни. Обработката на овие податоци беше интересна, динамична и благородна задача која ни овозможи одново да се види и доживее делото на овој значаен македонски поет.

Упатуваме голема благодарност до Музејот на македонската борба за самостојност за креирањето на постојаната поставка која содржи предмети, ракописи и други документи подарени од семејството на Поповски. Документирањето и изложувањето на подарениот фонд ќе придонесе кон тоа Анте Поповски да го добие своето заслужено место и ќе го приближи ликот и делото на овој значаен македонски деец до јавноста.