Академик Анте Поповски е добитник на следните награди и признанија:
- Награда Браќа Миладиновци на Струшките вечери на поезијата за 1964 година за збирката поезија „Непокор“;
- Наградата Nostro vivaio – прва награда за поезија на Европа во 1972 година;
- Наградата Кочо Рацин за најдобра книга издадена во текот на годината на книгоиздателството Македонска книга за книгата „Сина песна“ – 1984 година;
- Наградата Браќа Миладиновци на Струшките вечери на поезијата за 1995 година за збирката поезија „Провиденија“
- Избран за основоположник на Светската академија за поезија на УНЕСКО – 2001 година;
- Националната награда 11 Октомври за највисоки остварувања во уметноста- 2002 година
- Наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро поетско остварување во 2001 година за збирката „Света песна“;
- Гоцева повелба
- Меѓународна награда за најдобра песна „Premio Europa“